Време е Црвена ѕвезда да победи, Реал е сигурица, а Баерн ќе загуби дома

Српскиот првак Црвена ѕвезда е најголемото разочарување на стартот од кошаркарската Евролига. По досега одиграните седум меча, Црвено-белите имаат само една победа и дури шест порази. Сепак, факт е дека српскиот тим одигра дури петпати на гости и сите ги загуби. Пред своите навивачи има биланс од една победа и пораз, а вечерва во Белград ќе играат против француски Лион Вилербан.

Овие два тима досега одиграле шест меча и билансот е три победи и три порази. Сега белградскиот тим треба да покаже дека заслужено е дел од европската елита и ќе брка триумф.

Од мечевите кои се играат вечерва, најсигурно е дека Реал во Мадрид ќе слави против АЛБА Берлин, а Олимпијакос игра на гости во Минхен, се очекува да се радува во дуелот против Баерн.

Освен на исходот од мечот, одлична е понудата и на кошаркарите. Може да се обложите на „плус-минус“ поени, како и на тоа колку асистенции ќе имаат.

- Оглас -

Најнови вести