Време е Вардар да победи во 2021 година

Вардар е домаќин на Струга Трим Лум во меч од 22 коло на Прва фудбалска лига, што е еден од петте мечеви кои се играат денеска со почеток во 14 часот. Црвено-црните заедно со Силекс се единствените два тима кои уште се немаат израдувано на првенствен триумф во 2021 година.

Актуелниот првак во пролетниот дел влезе со многу изменет состав, многу фудблаери си заминаа, па останаа „децата“ да играат. Струга Трим Лум два пати гостувала во Скопје против Вардар и два пати загубила и тоа без да даде гол (1:0 и 3:0). Гостите сезонава ја имаат третата најдобра одбрана во лигата, но тоа не треба да ги уплаши младите домашни фудбалери да се борат да стигнат до првата победа во пролетниот дел.

Освен овој меч, денеска се играат и дуелите Беласица – Академија Пандев, Пелистер – Борец, Шкендија – Ренова и Шкупи Работнички. Вчера, Македонија Ѓорче Петров минимално со 1:0 го победи Силекс.

 

- Оглас -

Најнови вести