Време е за прва радост на Леванте и Барди во Ла Лига

1301 Леванте – Мајорка (Ла Лига Шпанија, 14:00 часот)

Леванте игра очајно и на средина од сезоната сè уште ја чека првата победа, а ние веруваме дека денеска ќе ја дочека.

Енис Барди и неговиот тим имаат само осум бодови и тоа сите од нерешени средби, а денеска е една од последните шанси да го фатат возот за спасување.

Ниту Мајорка не игра одлично, ама барем засега е надвор од зоната за испаѓање.

Предлог тип: 1 (2.22)

1304 Реал Мадрид – Валенсија (Ла Лига Шпанија, 21:00 часот)

Кралскиот клуб иако е лидер во Ла Лига, сепак имаше лош почеток на оваа 2021 година бидејќи на 2 јануари загуби кај Гетафе со 0:1.

Тешко дека момците на Карло Анчелоти ќе со дозволат уште еден кикс и дополнително приближување на ривалите, иако средбите со Валенсија секогаш се означувани како дербија.

Сепак, Реал игра на домашен терен а и ги надмина проблемите со Ковид-19 а и повредите на фудбалерите, па речиси сите освен Герет Бејл ќе му бидат ставени на располагање на тренерот Анчелоти.

Предлог тип: 1&3+ (1.88)

1130 Њукасл – Кембриџ јунајтед (ФА Куп Англија, 16:00 часот)

Најбогатиот клуб на денешницата ќе демонстрира моќ против членот во Лига 1.

Њукасл почна да игра подобро во последно време, а секако показател за тоа е и бодот против Манчестер јунајтед, каде што целосно доминираа и заслужија да победат.

Сепак, таа средба е против нив, а со новото засилување во тимот, Кјеран Трипиер ја започнуваат новата ера со богатите сопственици.

Предлог тип: 1&3+ (1.73)

1806 Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Дортмунд (Бундеслига Германија, 18:30 часот)

Навистина е тешко да се прогнозира победникот кога играат овие две екипи, иако гостите се благ фаворит.

Одбраните како да не постојат, додека пак, офанзивата е секогаш расположена за гол повеќе.

Ерлинг Халанд е најавен во стартниот тим, а квотата за да видиме четири или повеќе погодоци е навистина убава.

Предлог тип: 4+ (2.16)

1588 АЕК Ларнака – Аполон (Дивизија еден Кипар, 16:00 часот)

Мртва е трката за шампионската титула во Кипар, а овие две екипи се наоѓаат на самиот врв.

АЕК има 29 бодови, додека гостинот заостанува само со минус еден, па затоа на некој начин ќе биде и одлучувачки оваа средба, иако ќе се игра и дополнителен плеј-оф.

Победникот ќе однесе екстра бодови во доигрувањето кои ќе бидат злато вредни, па затоа очекуваме голема борба на тернот и малку погодоци.

Предлог тип: 0-2 гола (1.63)

- Оглас -

Најнови вести