Време ли е Надал да загуби во 2022? Игра против тенисерот од кого загубил четири пати

Рафаел Надал го има најдобриот почеток на една сезона во кариерата. Шпанецот нареди 18 победи во низа во 2022 година, триумфирајќи на Отвореното првенство на Австралија и на АТП-турнирот во Акапулко, а сега атакува на титулата на Мастерсот во Индијан Велс.

Ник Кирјос е ривалот против кого Надал вечерва ќе игра во четвртфиналето. Кирјос е на 132-рото место на АТП-листата, но тој е еден од поопасните тенисери кој знае како да го победи Надал.

Надал со Австралиецот досега има играно деветпати, а Кирјос има дури четири победи. Последен пат играа на Отвореното првенство на Австралија пред две години, а Надал победи со 3:1, но мечот беше неверојатно неизвесен и траеше речиси четири часа.

Овој дуел е на понудата во Sport Life, а за победа на Кирјос, коефициентот е над три.

- Оглас -

Најнови вести