Време му е за нов предизвик: Вајналдум одби нов договор од Ливерпул

Џорџинио Вајналдум одби да ја продолжи соработката со Ливерпул и следното лето ќе го напушти англискиот првак како слободен играч. Холандскиот репрезентативец е во потрага по нов предизвик, а наводно познато е и каде ќе ја продолжи кариерата.

Играчот на врска на Црвените треба да потпише за еден од најтрофејните гиганти на Стариот Континент, Барселона. Вајналдум и пред почетокот на оваа сезона се поврзуваше со преселба во редовите на шпанскиот вицепрвак, односно беше еден од трансфер целите на Роналд Куман, меѓутоа Барса немаше финансии да си го дозволи потписот на 30-годишниот фудбалер.

Еден од творците на историскиот камбек во полуфиналето од ЛШ пред две сезони ќе се пресели токму во тимот кој претрпе дебакл на „Енфилд“.

Вајналдум е член на Ливерпул од 2016 година и еден од клучните играчи на Јирген Клоп, но откако освои сè што можеше да се освои со Црвените, реши да почне нова авантура.

 

- Оглас -

Најнови вести