Ракометна Битола вечерва врие. Еурофарм Пелистер има катастрофално отворање на сезоната. Лош настап во Добој, изгубено финале од Вардар во Супер купот, катастрофален пораз дома од Колштад во Лигата на шампионите и како капат на сѐ – втор убедлив пораз од Вардар, овојпат во македонското првенство.
Врие и на социјалните мрежи, многу критики кон ракометарите, стручниот штаб, раководството. Се бара одговорност за поразите, но и за лошата игра која не ветува подобри резултати.
Во еден статус на Фејсбук се вели:
“Пораз! Дно! Нула! Ни Р од ракомет! Време е за одговорност! Ѓаволот ја однесе шегата! Стручен штаб, спортски директор – одговорност одма! Ова Битола не го заслужува, ова Чкембари не го заслужуваат!“