„Врие“ во соблекувалната на Црвена Звезда: Станковиќ го понижил и навредил голманот како никоj досега

Иако Црвна Звезда игра одлично во Лигата на Европа, каде што се пласираа во осмина-финалето, во домашното првенство не цветаат работите.

По нерешениот исход со Радник (1:1) тренерот на српскиот првак, Дејан Станковиќ едноставно „полудел“ во соблекувалната на тимот и кажал жестоки зборови кон играчите.

На голманот Милан Борјан, пак, наводно му кажал: Ти си најголемо ѓубре во историјата на Црвена Звезда.

На сето тоа изреагирал голманот, а играчите спречиле навистина голем инцидент, иако паднале тешки зборови.

Добра вест за нив е што следува пауза во српскиот шампионат па ќе има време да се смири ситуацијата и да се решат проблемите.

На паузата, Партизан заминува со 59 бода, додека некогашниот европски првак е второпласиран со 54 бодови.

- Оглас -

Најнови вести