Врие во Торино – Виновници за гневот на навивачите се Несторовски и Дибала

Навивачите на Торино се незадоволни од односот на играчите на клубот, а по минатиот викенд кога Јакопо Сегре им беша главна мета по поразот од Јувентус, сега голманот Салваторе Сиригу е на столбот на срамот.

Индиректен виновник е нашиот репрезентативец Илија Несторовски, кој го постигна решавачкиот гол за Удинезе во победата против Торино со 3:2 на гостински терен и го спречи пресвртот на домаќините кои набрзина стасаа од 0:2 до 2:2.

По мечот голманот Сиригу го напушти теренот со насмевка, што беше знак за фронтален напад на симпатизерите на Торино на социјалните мрежи.

Претходно, минатиот викенд во поразот на Торино во градското дерби со Јувентус на мета на навивачите на 7-кратниот италијански шампион вербално на социјалните мрежи го нападнаа младиот играч од средината на теренот, Јакопо Сегре. Причината е што по поразот од 2:1 на Биковите, Сегре го носеше дресот на Пауло Дибала, нешто што за фановите на Торино е недозволиво по неуспех против големиот градски ривал.

Потоа Сегре им се извини на навивачите, но Торино продолжи со поразите, па сега има нов конфликт. Биковите се претпоследни по 11 кола во Серија А со само шест бода.

 

- Оглас -

Најнови вести