Вриштеше од болки, очите му беа испакнати (Вознемирувачко фото)

Фудбалерот на Евертон, турскиот интернационалец Џенк Тосун од прва рака виде што значи тешка повреда на соиграч и емотивно раскажа детали за моментите откако Сон невнимателно стартуваше над Португалецот, а при падот, Андре Гомес налета на Серж Орие, од кого беше ненамерно нагазен и се здоби со тешка скршеница на ногата.

Тосун притрча до Гомеш и го спречуваше да гледа кон ногата.

„Андре беше во шок, очите му беа широко отворени, испакнати, плачеше, пцуеше и вриштеше. Јас само се обидов да го придржам и да поразговарам со него. Пробував да му кажам да се смири“, раскажа Тосун, кој даде гол за 1-1, но додаде дека повеќе би сакал да загубеа со 0-5, а да не се случеше ваква повреда.

Денеска Андре Гомес ќе биде опериран, ќе треба да се санира скршеницата на глуждот на десната нога, но за него оваа сезона е завршена и во следните месеци ќе треба да се рехабилитира, можеби и цела година ќе помине пред да се врати на терен и повторно да игра.

Еве како изгледа ногата на Гомес (Вознемирувачко):

 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести