Врвен играч и одличен војник: Сон добива награда за воената служба

Сон Хеунг-мин не само што е врвен фудбалер, туку е и одличен војник. Јужнокореецот ја заврши тринеделната воена служба во родната земја и ќе биде прогласен за најдобар во својата генерација.

Офанзивецот на Тотенхем ќе ја прими наградата Филсеунг за најдобри резултати при вежбите од вкупно 157 кадети. Сон се покажал како најдобар при тестирањата на менталната моќ, а ги погодил сите 10 обиди во вежбата со управување на огнено оружје.

Сосема разбирливо е дека добро се покажал како лидер на својата група при вежбите ако се знае дека Сон е капитен на репрезентацијата на Јужна Кореја. Воената служба за Сон започна на 20 април, а наградата ќе му ја доделат на официјалната церемонија.

- Оглас -

Најнови вести