Втора година по ред нема подобар од Салах во Африка

Мохамед Салах ја доби наградата за најдобар фудбалер од Африка за 2018 година. За напаѓачот на Ливерпул ова е второ вакво признание, откако и во 2017 година немаше конкуренција во изборот. Оваа година конкуренти на египетскиот репрезентативец му беа неговиот соиграч од Ливерпул, Садио Мане и Пјер-Емерик Обамејанг.

Салах имаше успех како на клупски, така и на репрезентативен план. Со 32 погодоци беше најдобар стрелец во Премиер лигата, а го предводеше Ливерпул и до финалето во Лигата на шампионите. Во мечот за титулата против Реал Мадрид, Салах се повреди само по 30 минути игра, а потоа неговиот тим загуби со 3-1.

Со Египет, Салах играше на Светското првенство во Русија, каде што сепак оваа репрезентација не успеаа да ја помине групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести