Втора победа на кадетите, Македонија го победи Бахреин со 27:25

Македонија ја забележа втората победа на кадетскиот Мундијал што го организираме. а денеска е совладан Бахреин со 27:25.

Избраниците на Данило Брестовац почнаа одлично и по 20-на минути игра водеа со 9:4, што ни беше најголема предност на мечот. Полувремето ни донесе предност од 12:9, но потоа повторно се мачевме.

Бахреин успеа дури и да израмни на 23:23, па во неизвесна завршница се закани и со изненадување. Но, за среќа македонските ракоменти таленти се вратија во игра и славеа втора победа.

Со 10 гола нашите ракометари ги предводеше Серафимов, а веднаш зад него е костески со 7 погодоци.

Следен меч ни е со Данска во недела, а утре е слободен ден за македонските кадети.

- Оглас -

Најнови вести