Втората најпогодена земја во светот од Коронавирусот, го враќа фудбалот и тоа со гледачи на трибини

Бразил е земја во која фудбалот е повеќе од игра. Кариоките се најтрофејна нација во светот со пет светски титули, но поради Коронавирусот и тие беа принудени да го прекинат фудбалското првенство. Сега, по речиси два месеци пауза, најавен е план според кој фудбалот повторно ќе бие активен и тоа со гледачи на трибините.

Оваа одлука на гувернерот на Рио де Жанеиро, Вилсон Витцел е примена со неверување, ако се знае дека токму Бразил по САД е втората најпогодена земја од Коронавирусот. Планот е да биде дозволен пристап на навивачите на трибините, но капацитетот не смее да биде исполнет повеќе од 50 отсто, што значи дека би било дозволено седење на секое второ место.

Засега ова е само план, а уште не се знае кога точно ќе може да се реализира.

- Оглас -

Најнови вести