Вториот најбогат човек на светот ќе го купи Милан?

Вториот најбогат човек на Земјата, Бернар Арно, сериозно размислувал за опцијата да го купи Милан, открива локалниот новинар Фабио Равецани. Ова би била одлична вест за Росонерите, кои повеќе од една деценија се обидуваат да се вратат на победничките патеки и да бидат клуб кој ќе се бори за трофеите во Италија.

Точно кога беше најавено дека Арно може да го купи Милан, излезе и новата листа на најбогати луѓе во светот, на која францускиот милијардер успеал да го помине Бил Гејтс, кој сега е на третото место на најбогати луѓе во светот.

- Оглас -

Најнови вести