Вториот тест на Одегард е негативен, првиот бил лажен аларм

Норвешкиот фудбалер Мартин Одегард од Реал Мадрид сепак нема корона-вирус. Одегард кој играше на мечот со Реал Сосиедад во неделата, беше објавено дека е позитивен на коронавирус, па според протоколите, замина во изолација. Веста ги вознемири во мадридскиот и баскискиот клуб, но сепак изгледа станува збор за лажен аларм.

Од Реал Мадрид објавија дека извршиле ПЦР тестирање и сите резултати биле негативни. Ова значи дека Одегард ќе смее да им се врати на редовните обврски и да тренира во пресрет на следниот меч, со Бетис на гости в сабота вечер.

- Оглас -

Најнови вести