Вториот тим на Пелистер го победи Вардар!

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 со 27:26 го победи актуелниот ракометен првак Вардар во првенствен дуел. Иако се работи за вториот тим на Пелистер, младите битолски ракометари покажаа како треба да се игра за зелено-белиот дрес.

Вардар поведе со 1:0 на почетокот на средбата, а потоа домаќините беа тие кои го контролираа резултатот. Битолчани поведоа со 6:3, а потоа и со 12:7, за да на полувреме се замине со водство на Пелистер од 14:11.

Вториот тим на Пелистер продолжи во исто темпо и во второто полувреме, па брзо ја врати позитивата од пет гола (17:12), а на 11 минути пред крајот беше 22:18. Во завршницата Вардар израмни на 24:24 и кога се мислеше дека многу поискусните гости ќе направат пресврт, се случи чудото.

Ракометарите од вториот тим на Пелистер одиграа мајсторски во завршницата и на крајот заслужено се радуваа на неочекуван триумф од 27:26.

 

- Оглас -

Најнови вести