Вторник е „Денот Д“ за судбината на Серија А

Вторник 10 март 2020 година може да биде историски датум за италијанската фудбалска Серија А, доколку биде донесе одлука да се прекине првенството поради коронавирусот. За задутре е закажан вонреден состанок, на кој челниците на лигата и Федерацијата ќе решаваат дали да дојде до целосен прекин, како што бара Министерството за здравство на Италија, или да се продолжи како сега, да се игра без публика. Најавите беа дека ако се заболи и еден играч, Серија А ќе престане да се игра.

Ако се прекине лигата, табелата ќе биде одредена според пласманот после последното комплетирано коло. Затоа денешните победи на Џенова и Сампдорија се многу важни бидејќи . Ветераните Горан Пандев и Фабио Кваљарела кои се врсници родени во 1983 година, беа најзаслужни за денешните победи од 2-1, Џенова на гости кај Милан, а Самп дома со пресврт против Верона.

- Оглас -

Најнови вести