Второлигаш е хит во Копа дел Реј – Мирандес ги гази фаворитите, ја потона и Жолтата подморница

Мирандес ги продолжи чудата во Копа дел Реј и е хит во шпанскиот куп, особено по новата победа вечерва против Вилјареал со 4:2.

Жолтата подморница пристигна како фаворит против второлигашот, но загуби и испадна од Копа дел Реј. Мирандес постигна дури четири гола и заслужено ја потона Жолтата подморница.

Домаќините водеа со 1:0, 2:1, 3:2 и на крајот не дозволија Вилјареал по третпат да израмни, напротив постигнаа уште еден за нов подвиг.

Сега ќе ја чекаат ждрепката за полуфиналето, а во конкуренција за следен ривал на Мирандес се Гранада и подобрите екипи од утрешните две последни средби од четвртфиналето меѓу Атлетик Билбао и Барселона, односно меѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад.

- Оглас -

Најнови вести