Второлигашко дерби во Маџари: Вардар ќе направи чекор кон прва лига ако го победи непоразениот!

Вардар и Гостивар го отвораат 24-тото коло во Втората македонска фудбалска лига, а победа на овој дерби дуел може да биде еден од клучните чекори на Црвено-црните кон враќање во првата лига.

Вардарци на овој меч на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари ќе имаат голема поддршка, присуство најави и првиот македонски селектор, големиот Андон Дончевски, но нема да биде лесно да се триумфира.

Гостивар нема ниту еден пораз сезонава и ако не му беа одземени три бода, ќе беше лидер на табелата. Во моментов Вардар е втор и има еден бод предност пред Гостивар. Првиот и вториот директно влегуваат во прва лига, а третиот ќе игра бараж, па можно е во следната сезона и Вардар и Гостивар да бидат прволигаши.

Во Sport Life има солидна понуда игри за овој меч, а според квотите за конечен тип, фаворит е Вардар, па ако верувате во триумф на домашните, може добро да заработите.

- Оглас -

Најнови вести