Вујо мајсторе знае како дише Вардар – Стоилов е белодробното крило на тимот

Веселин Вујовиќ знае како дише Вардар, а имаше интересна анализа како гостин во студиото на „Арена спорт“.

„Според мене Стојанче Стоилов е белодробното крило на Вардар. Ако тој одигра како што знае Вардар полесно дише и ќе има големи шанси да ја освои титулата. Секако ќе навивам за Вардар“, изјави Вујовиќ.

Со многу комплименти популарниот „Вујо мајсторе“ како што го нарекуваат навивачите на Вардар ги пофали сите ракометари на македонскиот првак.

„Какви проблеми имаат и како играат, секоја чест. Веспрем е доличен тим, но Вардар е најубавата ракометна бајка. Карачиќ, ако игра ќе ги држи конците во свои раце, Кристопанс напрадува многу во составот на Вардар, а сите заедно играат прекрасно. Можеби Веспрем е фаворит, но Вардар може до титулата“, изјави Вујовиќ.

Финалето почнува во 18 часот, а Вардар има шанса да ја освои втората европска титула, а Веспрем бие битка за првата континентална круна.

- Оглас -

Најнови вести