Вујовиќ ја отпиша Македонија: За нас одлучувачки ќе биде дуелот со Словенија

Полека, но сигурно се подгреваат страстите пред почетокот на Европското ракометно првенство.

Како што е добро познато, нашата селекција првиот меч ќе го игра во Дебрецин против Словенија, но за нас главен предизвик ќе биде селекцијата на Црна Гора, со која играме во сабота, а нивните играчи, поточно Милош Вујовиќ, како да нè отпишаа пред време.

„За нас одлучувачки ќе биде дуелот против Словенија за тоа кој ќе оди понатаму.

Од Македонија сме поквалитетни и мислам дека ќе ја победиме, но во ракометот ништо не се знае. За Данска, пак, не треба да се користат зборови, но мислам дека е добро што играме на отворањето бидејќи гигант како нив ќе ни укаже кои ни се грешките во подоцнежните средби“, изјави Вујовиќ.

Средбата меѓу Македонија и Црна Гора е закажана за во сабота од 18:00 часот.

- Оглас -

Најнови вести