Ракометната играчка и тренерска легенда Веселин Вујовиќ е еден од оние што се прашуваат што стои зад фамозната пандемија од корона-вирусот. Тренерот на ППД Загреб во моментов е со сопругата во српскиот град Шабац, во куќа покрај реката Сава и ужива во риболовот.
„Гледам, слушам, размислувам со моја глава и многу работи ми се нелогични. Се бројат мртви и заразени од корона вирусот, а починати има помалку отколку лани во овој период од годината. На светско ниво, од корона има помалку мртви отколку од обичниот грип. Некој игра некакви игри, но зошто веројатно никогаш нема да дознаеме. Збунет сум целосно, луѓе остануваат без работа“, вели екстренерот на Вардар.
Сепак, бројките покажуваат дека Вујо е во заблуда во однос на тоа дека годинава има помалку мртви од лани. На 5 април беше објавено истражување, според кое, во италијанските градови смртноста е многукратно зголемена во однос на истиот период минатата година.