15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Вујовиќ сака две победи во следните три меча за Вардар

Вардар нареди пет порази во Лигата на шампионите и многу е тешко да се очекува дека оваа лоша низа ќе биде прекината утре. Црвено-црните гостуваат во Германија кај Кил, тим кој сезонава во ЛШ на свој терен има три победи и едно реми, без пораз.

Пред малку повеќе од еден месец, Вардар дома загуби од Кил со 26:29, што значеше продолжување на низата на германскиот тим од пет победи во низа против македонскиот првак.

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, знае дека утре го чека екстремно тешка задача да се извлече поволен резултат.

„Пред нас се три многу важни меча. Прво гостуваме кај Кил, на чиј терен нема гостин кој може да биде фаворит. За нас е многу важно да одиграме добро и да бидеме уште помотивирани за дуелите против Загреб и Еурофарм Пелистер. Имаме проблеми со тимот. Гаџа е болен, што значи дека ќе бидеме без среден бек, а отсуствува и голманот Ристовски. Добро би било да победиме двапати во следните три меча“, рече Вујовиќ.

- Оглас -

Најнови вести