Вулверхемптон го елиминираше Манчестер и оди на „Вембли“ (Видео)

Со головите на Раул Хименес и Диого Жота, екипата на Вулверхемптон со 2-1 го изненади Манчестер јунајтед, и се пласираше во полуфиналето на англискиот ФА куп. „Волците“ ги фрлија во транс своите навивачи, а „црвените ѓаволи“ ја прикажаа најслабата игра откако на клупата е Оле Гунар Солскјер, па на градскиот ривал му го олеснија патот до трофејот.

Во финишот на средбата, на секое додавање на домашнните, публиката извикуваше „оле“ како во корида, што е големо понижување за противникот. Маркус Рашфорд во 95 минута го ублажи поразот.

Полуфиналисти во ФА купот се Вотфорд, Манчестер сити и Вулверхемптон. За комплетирање на листата на полуфиналистите, треба да се одигра уште мечот Милвол-Брајтон.

Ова е контрата со која „волците“ му ја запечатија судбината на фаворитот:

- Оглас -

Најнови вести