Вулверхемптон доведе играч на Реал Мадрид

Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон го договори Хесус Ваљехо од Реал Мадрид. Ваљехо доаѓа во Англија како позајмен играч на една сезона. Стоперот кој има 22 години дојде во Реал Мадрид во 2015 година од тимот на Сарагоса, а Кралскиот клуб тогаш за него плати пет милиони евра.

Сепак, дефанзивецот не се наметна како потенцијал кој би можел да биде во дефанзивата на гигантот од „Сантијаго Бернабеу“. Најпрво остана како позајмен играч во Сарагоса, а потоа како позајмен играч беше и во Ајнтрахт Франкфурт. Последните две сезони беше во дресот на Реал и одигра 19 меча во кои даде и еден гол, но сега повторно дојде ред да оди на позајмица. Актуелниот договор со Реал му е до 2021 година.

Вулверхемптон се надева дека ќе донеде уште едно квалитетно засилување летово. Волците сакаат да го доведат Кутроне од Милан, но за него мора да платат 20 милиони евра.

https://twitter.com/Wolves/status/1155085444369006592

 

- Оглас -

Најнови вести