Вулверхемптон нема да дозволи нов домашен кикс

1001 Вулверхемтон – Кристал палас (21.00 часот)

Новото коло во Премиер лигата почнува со дуел на два тима кои досега во шест кола собраа по 10 бода, биланс со кој Волците не треба да бидат задоволни. Тимот полн со Португалци има седум бода во последните три кола и секако е фаворит, но фаворити беа и во минатото коло против Њукасл, со кого освоија само еден бод. Вулфс има дадено само 6 гола, но и Палас не е многу поефикасен. Последните два меѓусебни дуели на овие екипи во Вулверхемптон завршија со 2-0, по еднаш се радуваа и домашните и гостите.

Предлог тип: 1 & 2-4 (3.05)

 

1801 Шалке – Штутгарт (20.30 часот)

Шалке е тим со најслаба одбрана во Бундеслигата, примија 19 гола на пет меча и тука е шансата на гостите. Шалке има проблем и со реализацијата, постигна само два гола и затоа е претпоследен. Швабите високо котираат, петти се и по поразот на отворањето на сезоната, оттогаш имаат по две победи и две нерешени игри. Штутгарт е во подобра форма, но има лоша традиција на гостувањата во Гелзенкирхен, каде што последен пат славеле во 2013 година.

Предлог тип: 2 (2.25)

 

1301 Еибар – Кадис (21.00 часот)

Двата тима се во добра форма, Еибар има серија од три, а Кадис од четири меча без пораз. Не би требало да има повеќе од три гола, барем така покажува статистиката. Еибар на три од последните четири меча на „Ипуруа“ не даде гол, а Кадис откако влезе во првата лига, на гостувањата реди само победи, од кои едната против Реал Мадрид. Овие тимови не играле меѓу себе уште од 2008 година.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.53)

 

1537 Пасош Фереира – Порто (21.30 часот)

Иако поминаа само пет кола, Порто веќе заостанува пет бода зад беспрекорната Бенфика. За гостите настапите во ЛШ не смее да бидат оправдување за евентуален кикс. Порто беше подобар од Олимпијакос и  треба да ја повтори играта ако сака три бода на ова гостување. Фереира уште од јануари нема нерешена игра на свој терен. На крајот на јуни, Порто победи на овој стадион со 1-0 и тоа најавува интересен двобој.

Предлог тип: 2 (1.55)

 

8521 Басконија – Барселона (20.30 часот)

Баскијците имаат позитивна традиција во дуелите со Барселона во Виторија, добија осум од последните десет, а и двата тима засега сезонава имаат само по еден пораз. Басконија не играла 21 ден и тоа може да им биде проблем. На 18-ти октомври, овие два тима се сретнаа и во шпанската лига, мечот заврши 82-71 за Басконија, која почесто дава над 80 поени отколку Каталонците, но според просекот во Евролигата, Барса е поефикасен тим.

Предлог тип: <152.5 (1.90)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Шалке 04 – Штутгарт Х2 & 3-6 (2.65)

Генк – Еупен 1 & 0-3 (2.65)

П. Фереира – Порто Т2 1+I & Т2 2+ (2.30)

- Оглас -

Најнови вести