Вулверхемптон сака да купи играч од Јувентус

Екипата на Вулверхемптон во минатата сезона беше една од ретките која можеше да се пофали дека ги победи сите најголеми ривали во Англија. И за новата сезона Волците создаваат тим што ќе биде опасен ривал за секого.

Пред крајот на летниот преоден рок во Англија, Вулверхемтон ќе се обиде да го доведе Даниеле Ругани од Јувентус. Најавите се дека англискиот тим би платил 30 милиони евра за 25-годишниот играч на Старата дама. Ругани во минатата сезона одигра 20 меча, а во март го продолжи договорот со гигантот од Торино.

Сепак, по доаѓањето на Де Лихт, а плус со Кјелини, Бонучи и Демирел, за Ругани останува се помалку шанса за влез во стартниот тим на Јувентус и можеби подобро е да биде продаден.

- Оглас -

Најнови вести