Вулверхемптон сурово го казни Челзи за неверојатното промашување (Видео)

Вулверхемптон на домашен терен со 2:0 го победи Челзи во меч од 18 коло на Премиер лигата и ја продлабочи кризата во лондонскиот клуб. Радоста на домашните навивачи дојде во второто полувреме, откако по првите 45 минути немаше погодоци.

Лемина погоди за 1:0 во 51 минута, а вистинска драма се случуваше во судиското надополнување. Главниот арбитар покажа дека ќе се играат дополнителни 11 минути кога домаќините преку Дорети зголемија на 2:0 во 90+3 минута.

Челзи не се предаде и Нконку со глава погоди за 2:1 во 90+6 минута. До крајот на дуелот гостите се обидуваа да израмнат, но не успеаа. Челзи може да жали што не стигна барем до еден бод и тоа најмногу поради промашувањето на Рахим Стерлинг во првото полувреме при резултат 0:0.

Стерлинг и уште двајца играчи на гостите излегоа осамени пред противничкиот голман, но тогаш Стерлинг се покажа како многу себичен и реши сам да реализира, но неговиот удар го одбрани голманот на Вулверхемптон.

По оваа победа, Вулверхемптон стигна до 22 бодови исто колку што има и Челзи кој е на 10 место во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести