Вувузелите се враќаат, овојпат како поддршка за лекарите

Јужноафриканците секоја вечер во 19 часот излегуваат во дворови или на терасите од своите домови и со 15-минутно свирење на вувузели им даваат гласна поддршка на докторите кои се борат со Коронавирусот. Вувузелата е дувачки инструмент кој многу се користеше на фудбалскиот Мундијал во Јужна Африка во 2010 година, а забранет е на стадионите во Европа.

Ова можеби ќе поттикне и луѓе во другите земји да го прават тоа бидејќи во 2010 огромен број луѓе си купија вувузели, кои тогаш беа суперпопуларни и прават голема галама ако знаете како правилно да ги користите.

- Оглас -

Најнови вести