За 16 стотинки го урна светскиот рекорд и освои злато

Татјана Шонмејкер е победничка во пливачката дициплина 200 метри градно откако во финалето постави светски рекорд со време од 2:18.95 минути, што е за 16 стотинки побрзо од времето на Рике Педерсен од 2013 година.

Јужноафриканката го освои првиот златен медал за својата земја на овие Олимписки игри, додека на пиедесталот се најдоа уште Лили Кинг од САД со освоен сребрен медал, како и нејзината бронзена сонародничка Ени Лејзор.

https://twitter.com/Tokyo2020/status/1420937974045237249

Со време од 51.96, австралиската пливачка Ема Мекион постави нов олимписки рекорд во 100 метри слободен стил за освојување на златниот медал. Сребрениот медал ѝ припадна на Сјобан Бернадет од Кина, додека трето место и бронза освои втората Австралијка Кејт Кембел.

Рускиот пливач Евгени Рилов постави рекорд на 200 метри пеперутка во машка конкуренција и донесе ново злато на Рускиот олимписки комитет. Со време од 1:53.27 минути, Рилов беше подобар од Американецот Рајан Марфи, кој се задоволи со сребро, додека бронзата му припадна на Британецот Лук Гринбенк.

- Оглас -

Најнови вести