За 25 минути игра си даде автогол, а судијата двапати му покажа црвен картон (Фото)

Фудбалот често носи необични приказни, а една таква се случи во Мексико, со дефанзивецот Уго Ајала како главен актер. Ајала игра за Тигрес и влезе во игра на почетокот на вториот дел на мечот со Толука, при 2-0 за Тигрите. Со внесувањето на Ајала, одбраната на Тигрес требаше да се зацврсти, но се случи нешто непосакувано.

Само шест минути по влегување од игра, Ајала си даде автогол и ги врати противниците во игра. Две минути подоцна, тој доби црвен картон поради груб фаул на центарот на теренот, но судијата по сигнализација од ВАР-собата, гледаше повторена снимка и ја преиначи одлуката, па на Ајала му даде жолт картон. Но, веќе во 70-тата минута, Ајала не можеше да избегне исклучување и доби нов жолт картон, втор, па по вторпат доби црвен картон.

Иако за 25 минути имаше автогол и исклучување, за негова среќа, Тигрес победи со 2-1.

 

 

- Оглас -

Најнови вести