За Агенцијата за млади и спорт, Собранието на ФФМ било нелегитимно

Агенцијата за млади и спорт (АМС) по случувањата во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), објави соопштение во кое се тврди дека останува на ставот изнесен пред Собранието, а тоа е дека за нив е нелегитимно. Присуството на заменик-директорот Ристеми било „приватно“ и тој таму застапувал лични ставови, а не на Агенцијата.

„Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, во саботата на официјална прес-конференција во просториите на институцијата го изнесе ставот на АМС дека ФФМ мора да ги усогласи Статутот, актите и своето работење со законите на Република Северна Македонија и Собранието на Федерацијата да ги верифицира и да обезбеди услови за напречена работа. Каевски тогаш додаде дека какво било одржување на Собранието спротивно на законот, тоа го прави нелегитимно, со што ќе се предизвикаат сериозни проблеми во развојот на фудбалскиот спорт во нашата земја. Токму поради тоа, сакаме јасно, прецизно и недвосмислено да изјавиме дека АМС останува на ставот кој беше изнесен од страна на Каевски токму на таа прес-конференција. Секој друг став изнесен во врска со случувањата околу ФФМ, особено од страна на лицето Гзменд Ристеми, претставува личен став, кој не е во согласност со ставот на Агенцијата за млади и спорт“, стои во соопштението на АМС.

- Оглас -

Најнови вести