За Би-би-си беше добар, но Џани се најде и во наjслабите 11-мина на ЕП (фото)

Езѓан Алиоски беше прогласен за најдобар лев бек во групната фаза на Европското првенство според британски Би-би-си, но според whoscored.com, веб-страница за статистика во фудбалот, Џани се најде и меѓу најслабите 11-мина играчи од репрезентации кои веќе не се учесници на континенталниот собир.

Алиоски доби просечна оценка од 6.15 со трите одиграни натпревари за Македонија во групата Ц против Холандија, Австрија и Украина. Иако нашиот репрезентативец е само втор стрелец за Македонија покрај Горан Пандев на дебитантското ЕП, оваа веб-страница одлучи да му даде слаба оценка на Алиоски и да го смести со играчите кои најслабо се покажаа.

- Оглас -

Најнови вести