За дербито Хрватска – Македонија следува нов специјал во Sport Life

Македонија има две победи во два меча на ракометниот Мундијал, но дури сега започнуваат вистинските возбудувања. Победите против Јапонија и Бахреин беа очекувани, а денеска е првиот голем испит. Играме против Хрватска во меч кој започнува во 18 часот. Со победа, Македонија ќе има голема шанса да заврши на едно од првите три места во групата и да продолжи понатаму.

Во спортските обложувалници на Sport Life има специјална дневна понуда за овој дуел. Хрватска ја има улогата на домаќин, но и на фаворит, па за храбрите кои веруваат во „црвено-жолтите“, триумф на Македонија, односно 2-ка, е со коефициент 5,80.

Хрватска е фаворит дека прва ќе стигне и до 3, 5 и 10 погодоци. Во претходните два меча на Македонија, против Јапонија и Бахреин, нашите ракометари пред противникот стигнуваа и до 3, и до 5 и до 10 погодоци, па би било интересно да се „брка“ оваа игра која нуди коефициенти над 2 за Македонија.

Што се однесува до индивидуалните тотали, односно кој играч колку погодоци ќе даде, на понудата се дури 11-мина играчи. Шестмина се од Хрватска, а петмина се наши. За Кирил Лазаров границата е на 7,5 голови, а потоа следуваат Дејан Манасков со 4,5 голови и Филип Талески со 3,5 голови. Границата на 2,5 голови е поставена за Филип Кузмановски и Стојанче Стоилов.

Од поинтересните игри, на понудата се и типувањето за тоа кој ќе го даде првиот, а кој последниот гол на мечот. Истите игри ги има и кога се работи за исклучувањата и за седмерците.

Македонија за првпат на Светското првенство во Германија и Данска ќе биде во улога на аутсајдер, но момците предводени од селекторот Раул Гонзалес сигурно нема да се предадат против Хрватска. Понудата во Sport Life нуди одлични игри за гледањето на дербито да биде уште поинтересно и возбудливо.

 

- Оглас -

Најнови вести