За добар играч доста се и 11 минути – Баерн му „фрли“ око на фудбалскиот бисер Нганкам

На 19-годишниот фудбалски бисер на Херта, Џесик Нганкам му беа доволни само 11 минути дебитантски настап во Бундеслигата за да потврди дека е голем талент, за кого сега се интересира и гигантот Баерн Минхен.

Младиот напаѓач на тимот од Берлин вчера против Хофенхајм ги одигра првите минути во германското првенство и покажа дека се работи за вонсериски играч.

Баерн Минхен сака да ја искористи ситуацијата и да го ангажира Џесик, чиј договор со Херта истекува ова лето. Клубот од Берлин со сите сили сака да го задржи новото германско фудбалско чудо, но преговорите одат тешко.

Нганкам е во Херта од 2006 година, а за вториот тим на берлинскиот клуб постигна 11 голови на 22 натпревари. Ако биде според симболиката можно е со само 11 минути игра во дресот на Херта да се пресели во редовите на гигантот Баерн Минхен.

За него заинтересирани се и Борусија Менхенгладбах, Лајпциг и Аугзбург, а сега се приклучи и гигантот Баерн.

- Оглас -

Најнови вести