За Гриезман, Марадона е подобар од Меси?

Антоан Гриезман во едно од првите интервјуа кои ги даде како фудбалер на Барселона кажа нешто што предизвика контроверзи. Сакајќи да го пофали својот нов клупски колега Лионел Меси, Гриезман кажа дека тој е играч каков што се раѓа на секои 30 години.

За најголем дел од навивачите на Барса, Меси е најдобар фудбалер на сите времиња, а Гриезман смета дека Аргентинецот е најдобар само во последните 30 години, што меѓу редови може да значи и дека пред тоа имало подобри. Некои сметаат дека вака излегува дека Диего Марадона, кој доминираше пред три децении, бил подобар или во најмала рака на исто ниво со Меси штом Гризи не кажа дека Лео е најдобар во историјата, туку само во последните 30 години.

„Меси е број 1 во фудбалот, како што е Леброн Џејмс во кошарката. Леброн е сликата на кошарката и на НБА, а таа улога ја има Меси во фудбалот. Има нешто што го немаат другите, Меси е нешто што се случува на секои 30 години“, рече новата аквизиција на Каталонците.

- Оглас -

Најнови вести