За Хабиб се знае речиси сè, освен тоа како изгледа жена му (Фото)

Хабиб Нурмагомедов со биланс од 29 победи и ниту еден пораз, синоќа ја заврши својата кариера како ултимејт фајт борец. За неговата победа над Гетџи и му честитаа многу спортски ѕвезди, дури и ривалот Конор Мекгрегор. Само двајца ривали може да се пофалат дека добиле по една рунда против него, а иако е многу популарен во светот, Русинот од областа Дагестан, не е мераклија за гламур, па за неговиот приватен живот и не се знае многу.

Таткото на Хабиб, Абдулманап, го знаеја многумина, но малкумина знаат за неговата сопруга Патимат. Таа е девојка од истото село (Силди) од кое е и Хабиб, се знаат од деца, една година седеле заедно во клупа на училиште, но потоа борецот замина во Махачкала, а кога на 22-годишна возраст Хабиб се врати дома, ја сретнал Патимат, и ги испратил родителите кај родителите на Патимат да ја побараат за снаа.

Свадбата била незаборавна, со сите дагестански обичаи, имало над 4.000 гости, кои се менувале во три смени, бидејќи салата собирала 1.200 луѓе. Но, и гостите на свадбата не го виделе лицето на Патимат, бидејќи таа носеше голем вел преку лицето.

Хабиб ја крие сопругата, па еднаш Мекгрегор го провоцираше на таа тема. Имало и монтажи, лажни фотографии, шпекулации дека Хабиб е оженет со една руска ТВ водителка, но Нурмагомедов приватноста на Патимат ја чува добро. Имаат две деца, ќерка и син. Се зборува и дека се далечни роднини, и дека Патимат не го земала презимето Нурмагомедова.

Сепак, има една фотографија на Инстраграм за која се верува дека девојката која е сликана со Хабиб е неговата жена. Ова е единствена прилика да се види ликот на Патимат.

Иако Хабиб често патува во САД, Патимат седи дома. Борецот сметаше дека присуството на жена му може да го деконцентрира. Сега откако ја заврши кариерата, веројатно почесто ќе бидат заедно.

- Оглас -

Најнови вести