За Хрватите 11-то место на ракометно ЕП е дебакл, селекторот доби отказ

Горан Перковац (61) веќе не е селектор на ракометната репрезентација на Хрватска.

Хрватите на Европското првенство во Германија завршија на 11-тото место и тоа е голем неуспех за нив (најлош пласман од 2002 наваму), па Перковац едногласно беше разрешен од Управниот одбор. На Перковац му замеруваа и за контроверзните изјави кои ги даваше за време на првенството.

Новиот селектор на Хрватска ќе има задача во март успешно да ги мине квалификациите за Олимписките игри и да го однесе тимот на ЛОИ во Париз (треба да бидат први или втори во група со Германија, Австрија и Алжир).

Многу имиња се спомнуваат како можни кандидати за селектор, а меѓу нив се и нам добро познатите Лино Червар, Веселин Вујовиќ, Раул Гонзалес, Ивица Обрван, Жељко Бабиќ.

- Оглас -

Најнови вести