За крај: „Ел Тигре“ ќе му биде соиграч на Димитриевски во Рајо

Пријатно изненадување за крај на летниот преоден рок е враќањето на Радамел Фалкао во Ла Лига, но и фактот што ќе му биде соиграч на македонскиот репрезентативец и наш прв голман, Столе Димитриевски. Популарниот „Ел Тигре“ се согласи на едногодишен договор со Рајо Валјекано, со опција истиот да се продолжи на уште една година.

Колумбискиот ветеран претходно го раскина договорот со Галатасарај за да може да го комплетира враќањето во лигата во која што ги покажа најдобрите игри носејќи го дресот на Атлетико Мадрид.

Фалкао изминатите две сезони забележа учинок од 20 погодоци во 43 настапи за Галатасарај, а сега на 35 години ќе претставува големо засилување за повратникот во шпанската елита и ќе му биде задача да му помогне на Рајо да го задржи статусот на прволигаш.

- Оглас -

Најнови вести