За Кулибали не чека попуст само Манчестер сити, во ред се построени уште три гиганти

Фали Рамадани сè уште не успева да му ја намали отштетата на Калиду Кулибали, која ја бара Наполи за одличниот стопер, а неофицијално се движи околу 90 милиони евра, а на попуст чекаат четири европски гиганти.

Веќе беше објавено дека Аурелио де Лаурентис ја одби понудата од 55 милиони евра за Сенегалецот што ја испрати Манчестер сити преку Рамадани.

Тетовецот му е застапник-менаџер на Кулибали, а на попуст не се надева само Манчестер сити, туку и Ливерпул, Манчестер јунајтед и Пари Сен Жермен.

Наполи имаше шанса да го продаде Кулибали за сумата што ја бара, но ја одби понудата на Манчестер јунајтед пред пандемијаат со ковид-19. Потоа и поради кризата клубовите нудат многу помалку пари, па сега се надеваат и на пониска цена што би требало да ја платат за 29-годишниот стопер.

Манчестер сити е најконкретен, но е далеку од договор со Де Лаурентис, кој не попушта. Целта на популарните Граѓани е комплетно да ја реновира дефанзивата на стоперските позиции и да ги спои Кулибали и Нејтан Аке, фудбалер што го купи пред некој ден од Борнмут за 41 милион фунти.

 

- Оглас -

Најнови вести