За Куман спас во вистински час – Докторите му го продолжија животот на холандскиот селектор

Роналд Куман имал срцев удар, но навреме бил хоспитализиран во болница и со брзата интервенција на докторите успеа да преживее.

На легендата на холандскиот фудбал и актуелен селектор на Лалињата му е вграден стент и се наоѓа во стабилна состојба.

Куман возел велосипед кога одеднаш почуствувал силна болка во градите и веднаш бил префрлен во болница во Амстердам.

Информацијата што ја пренесе холандски „Де Телеграф“ ја потврдија и неговата сопруга Бартина и неговиот менаџер Роб Јансен.

Куман има 57 години, а играчката кариера му беше блескава со настапи за трите холандски гиганти Ајакс, ПСВ Ајндховен и Феенорд, претходно и за Гронинген, а играше и за Барселона, неговиот единствен клуб надвор од родната земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести