За малку ќе му ја сечеа ногата, а сега закрепна и на Реал му даде два гола

Санти Касорла дефинитивно е херојот на неделата во фудбалскиот свет. Иако синоќа во фокусот на вниманието беше дербито меѓу Манчестер сити и Ливерпул, во Шпанија се играше дуелот меѓу Вилјареал и Реал Мадрид. Кралскиот клуб беше голем фаворит за победа, но тоа не се случи благодарение на феноменалниот Санти Касорла.

Некогашниот шпански репрезентативец даде два гола за „жолтата подморница“ и на крајот домаќините освоија еден бод против големиот фаворит. Погодоците на Касорла имаат многу поголема тежина, ако се знае дека тој е фудбалерот кој долго време се бореше со тешка повреда на ногата.

Додека играше за Арсенал, Касорла го повреди зглобот на ногата. Потоа, рехабилитацијата се претвори во вистински кошмар. Казорла мораше да направи дури девет операции, а лекарите прогнозираа дека ќе биде вистинско чудо ако му ја спасат ногата од ампутирање и Санти потоа да може нормално да оди.

„Во една година имав осум операции. Потоа почнав да играм, а лекарите тврдеа дека се е во ред. Потоа раната ми се отвори и се инфицираше“, се присетува Касорла, на тоа што му се случи во 2017 година.

Сепак, не само што оди нормално, туку Касорла се врати на фудбалот и синоќа му даде два гола на Реал Мадрид. Последен пат на еден меч имаше дадено два гола во 2011 година, а во шпанското првенство немаше погодено од 2012 година.

Фудбалерот кој има 34 години и можеше да остане без нога, синоќа беше незадржлив за Реал Мадрид и е херојот на неделата во европскиот фудбал.

 

 

- Оглас -

Најнови вести