За малку ќе поминеше неприметно: Бојата носеше погрешен дрес (фото)

Белгија вчера убедливо славеше против Русија со убедливи 4-1, но една комична ситуација ќе остане повеќе запаметена од целиот спектакл во Санкт Петербург.

Имено, дефанзивецот на Белгија Дедрик Бојата, речиси цел час играше со погрешен дрес. Наместо неговиот со број 4, тој го носеше на соиграчот Мичи Батчуаји. Откако се примети целата ситуација, арбитрите инсистираа Бојата да го смени дресот. Ќе беше уште покомично доколку никој не ја забележеше оваа грешка, бидејќи и Батчуаји во финишот влезе во игра ќе требаше да игра со различен дрес.

- Оглас -

Најнови вести