За Милан може да биде проблем ако Тулуз го освои купот на Франција

Тулуз утре против Нант ќе игра финале на купот на Франција, и ако победи, ќе избори излез на европска сцена (квалификации за Лига Европа), а со тоа ќе му направи проблем на Милан.

Милан и Тулуз имаат ист мнозински сопственик, тоа е компанијата „Ред Бирд капитал“ од САД, а УЕФА забранува два клуба кои имаа ист газда, да играат во исто натпреварување, поради конфликт на интереси.

Забрането е и едниот да игра во Лигата на шампионите, другиот во Лига Европа, затоа што тие што се трети во групната фаза во ЛШ, продолжуваат во ЛЕ, па може во подоцнежната фаза од ЛЕ да се сретат еден против друг двата клуба со ист газда.

Но, има надеж за „Ред Бирд“, бидејќи во минатото се случи Лајпциг и Салцбург кои истотака имаат ист газда, да играат во исто натпреварување, во 2018 година дури и играа еден против друг во групната фаза на Лига Европа. Салцбург се ослободи од лица кои имаа врски со Ред Бул, па УЕФА прифати да играат покрај Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести