За некого, бројот 13 во 13-тото коло на Спортска прогноза ќе биде среќен

Новото коло на Спортска прогноза, 13-то по ред сезонава, носи натпревари кои ќе бидат предизвик да се погодат, но затоа ако бидете усени, задоволството ќе биде поголемо. Во понудата има 13+2 парa преку кои прогнозерите ќе се обидат да го освојат убавиот iPhone XS.

Ова коло е во знакот на бројот 13. Има 13 натпревари во основната понуда, ова е 13-то коло, а играта се вика Среќна 13-ка. Но, овој малерозен број, можеби некому ќе му биде среќен.

Прогнозирањето трае до утре во 16 часот, до почетокот на првиот дуел од понудата, а тоа е Барнли – Кристал палас. Треба да го погодите и исходот на дербито во Шпанија помеѓу шампионот и вицешампионот. Атлетико Мадрид – Барселона, дуел кој е закажан за недела во 21 часот. Засега малкумина прогнозирале победа на домашните, повеќе се за нерешено и двојка.

Има интересни дуели и од останатите лиги во Европа, како швајцарското дерби помеѓу Базел и Јанг бојс, а колото се затвора во понеделник по што ќе се знае дали ќе има среќен добитник на главната или некоја од другите награди.

За главната премија „IPhone XS“ се знае, треба да се погодат сите 13 парови во колото, но не треба да се заборават и резервните двојки. Тие носат вредни поени во битката за водечките позоции во Генерален пласман, а и тука ќе има награди што ги обезбедија Sport Life и Спорт Манија.

Играта е бесплатна, лесна за играње, а единствен услов е да имате SL картичка од Sport Life за да се приклучите во тековното коло со своја прогноза.

Играјте Спортска прогноза и читајте Спорт Манија.

- Оглас -

Најнови вести