За некого нема криза: Фудбалски менаџер летово заработи 20 милиони евра

Фудбалскиот свет жестоко беше погоден од пандемијата на корона-вирусот и речиси да нема клуб кој финансиски не беше погоден. Светските гиганти бараа од фудбалерите да се откажуваат од дел од платите, некои отпуштаа вработени само за да не се почувствува многу големиот финансиски минус.

Сепак, и во време на пандемија има некои кои продолжија да заработуваат во исто темпо. Еден од нив е Жорж Мендеш, еден од највлијателните фудбалски менаџери. Португалецот во својата агенција има голем број фудбалери, па успешно работеше во летниот преоден рок, а според пресметките, вкупната заработувачка му е 20 милиони евра.

Мендеш спечали 6,8 милиони евра од трансферот на Рубен Дијас од Бенфика во Манчестер сити, а заработи и 1,5 милиони евра при трансферот на Николас Отаменди во спротивна насока. Мендеш е речиси главен снабдувач во Премиер лигата со играчи од Португалија, а Вулверхемптон е неговиот примарен клуб.

Трансферите на Нелсон Семедо од Барселона и на Фабио Силва од Порто на Мендеш му донесоа дополнителни три односно четири милиони евра. Од трансферот на Диого Жота од Вулверхемптон во Ливерпул си заработи 4,4 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести