За пребрзо возење, си остана без возачка дозвола

Напаѓачот на Кристал палас Кристијан Бентеке, во следните 12 месеци не ќе може да управува со автомобил. Надлежните органи сосема заслужено му ја одзедоа возачката дозвола, поради пребрзо возење.

Бентеке со својот спортски автомобил бил фатен на брзина од 129 км/ч, иако во регионот дозволената брзина била двојно помала. Заслужено остана без право да управува со возило бидејќи на Белгиецот не му е првпат да прекорачи граница на брзина на возење. Полицијата и неколку пати претходно се занимавала со Бентеке поради исти причини.

- Оглас -

Најнови вести