Поради предозирањето со гумени бонбони, Вејтерс „ќе паузира“ 10 натпревари

Мајами хит одлучи да го суспендира Дион Вејтерс со 10 натпревари поради глупоста која ја направи во пресрет на дуелот против ЛА лејкерс кој се одигра пред две ноќи. Кошаркарот на Жешките неочекувано отсуствуваше од средбата, а клубот соопшти дека се работи за болест.

Сепак, Вејтерс не бил во натпреварувачки погон поради што се предозирал со гумени бонбони, а подоцна се откри дека во нив имало и недозволиви супстанци. Наводно, асот на Мајами доживеал паничен напад за време на летот кон Лос Анџелес, па затоа ќе мора да седи на клупата поради една бизарна глупост.

Вејтерс и претходно сезонава беше суспендиран поради недолично однесување, сега му се заканува и загуба од 1,2 милиони долари бидејќи ќе ги пропушти наредните четири средби на екипата, според калузулата во неговиот договор.

- Оглас -

Најнови вести