За првпат по 1972 година, нема медали за Американците на прв ден од ЛОИ

Американските спортисти иако се во голем број, не се прославија на првиот ден од Летните олимписки игри во Токио, и зачудувачки, не освоија ниту еден медал. Ова е прв ваков случај од Минхен 1972 година наваму. Во последните речиси 50 години, никогаш се немаше случено САД да останар без медал на прв ден од едни ЛОИ.

На првиот ден, беа доделени 11 комплети на медали во 7 различни поединечни спортови, а Американци имаше во пет спортови од овие седум. На Зимските олимписки игри, Американците не се толку доминантни, во 2018 година тие на првиот ден не освоија медал.

- Оглас -

Најнови вести