За првпат влегоа во Серија Д, па добија доживотна претплата за бесплатни ескорт-услуги

Италијанскиот нисколигаш Атлетик Палермо е промовиран во Серија Д, четвртиот ранг на италијанскиот фудбал. По голема борба во текот на целата сезона, Атлетик Палермо одигра нерешено со ривалите од Партиникаудаче и за првпат во својата историја избори пласман во повисок ранг.

Прославата на овој голем успех, очекувано, беше бурна, но главниот спонзор на клубот реши да оди чекор понатаму. Атлетик Палермо е спонзориран од веб-страница специјализирана за ескорт-услуги, а нивниот извршен директор Мајк Морa им додели на играчите еден необичен подарок по повод промоцијата – доживотна претплата за бесплатни ескорт-услуги.

„Сакавме да го одбележиме овој момент со еден практичен подарок. Сега тренерите и фудбалерите конечно можат да се опуштат… со еден дополнителен подарок“, изјави Морa.


Играчите ја пречекаа веста со големо воодушевување, а од клубот порачаа дека нивната цел е да остават белег и меѓу посилната конкуренција во Серија Д.

- Оглас -

Најнови вести